Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа
Утрово Блок 1 на РЕК Битола е исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот.
Се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа.
Потсетуваме дека заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа.
Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела.
За сиот овој период, АД ЕСМ ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема, стои во соопштението на ЕСМ.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ