„Блиска средба“ на руски и американски шпионски авион над Балтикот

Руски авион што летал над Балтичко Море, имал „блиска средба“ со еден американски шпионски авион, при што двете летала се разминале на само 1,5 метри одалеченост со крилјата.
Британските медиуми, кои јавуваат за инцидентот повикувајќи се на американски извори, ја обвинуваат руската страна за случајот, нарекувајќи го настанот „опасен и небезбеден“.
Американските извори го обвинуваат рускиот пилот за, како што тврдат, лоша контрола врз авионот.
Официјална Москва, меѓутоа, вината за инцидентот ја префрла на Американците, означувајќи го потегот на пилотот на шпиоскиот авион како „провокација“.
Руските државни медиуми откриваат дека во реонот над Балтикот имало уште еден ваков инцидент, кога руски авион со кој патувал министерот за одбрана Сергеј Шојгу бил надлетан од летало на НАТО.
Медиумите во Москва тврдат дека авионот на Шојгу летал кон руската енклава Калининград и дека во моментот на инцидентот се наоѓал над меѓународни води.
Според агенцијата ТАСС, авионот Ф-16 на НАТО бил гонет од еден руски Сухој-27, за да го одалечи од авионот со министерот.
Британските медиуми пишуваат дека двата инциденти само ја потврдуваат сегашната затегнатост во односите меѓу САД и Русија.
Русија во меѓувреме предупреди дека секој странски авион што ќе ги надлетува позициите на Дамаск и на руската армија во Сирија ќе биде цел на напад.
Вчера САД соборија вооружен дрон од иранско производство над сирискиот воздушен простор.
Ново на Сител
-

Бројот на жртви од поплавите во Непал и Кина надмина 1.000
-

Учениците се враќаат на настава, почнува учебната 2026-2027 година
-

Од денеска од Зелениково до Нова железничка станица во Скопје со Градски воз
-

Европа негодува поради враќање на Русија во Г20
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Трамп размислува за ограничени напади врз Иран
-

Полицијата во Њујорк застрела жена која претходно со ножеви нападнала две лица на „Тајмс сквер“
-

Русинот осомничен за тројно убиство во Црна Гора по кратка престрелка со полицијата се самоуби
