Блаже доби бубрег од Верица Белчовска по година и половина дијализа откако откажал донираниот бубрег од мајка му
28 годишниот Блаже Сапунџиев доби бубрег од Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа. По година и пол дијализа откако откажал донираниот бубрег од мајка му, сега повторно има функционален орган. Тој е се' уште во болница и за нашата камера, раскажа дел од својата приказна.
Мајката на Блаже, Форка Сапунџиева, емотивно во телефонски разговор за Сител, вели дека се' уште нема храброст лично да се заблагодари на семејството на Верче. Сочувствува со нивната болка, но вели дека преку донираните органи, Верче ќе продолжи да живее.
Таа е задоволна од лекарскиот третман. Но, се' уште не се знае колку долго Блаже ќе биде задржан во болница и под лекарски надзор.
Пресадени се и вториот бубрег и срцето, а беше направена и експлантација на коските на починатата Верче. Тие ќе спасат десетина пациенти со карцином на кои можат да им бидат вградени протези.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската Влада знае што треба да направи за проширувањето
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија