Бизнис - средби на македонски стопанственици во Будва

Средби со стопанственици од повеќе земји оствари денеска делегацијата предводена од Стопанската комора на Македонија на маргините на конференцијата „Предизвиците на патот кон Европската унија“ во Будва.
Целта на средбите, како што соопшти Комората, е воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на веќе етаблираната соработка.
Конференцијата во Будва што ја организира Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Министерството за наука е еден од најважните регионални економски настани, на која присуствуваат околу 500 учесници - високи државни претставници од земјите од регионот, како и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и науката.
Македонската бизнис делегација во состав: Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД - Скопје, Светозар Јаневски, генерален менаџер на „М6 инвестиции“, Доне Таневски, претседател на Бордот на директори на „Македонијатурист“ АД - Скопје, Страшо Милковски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на АД „Гранит“, Живко Мукаетов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД и Никола Битрак, генерален менаџер на „АФ Консулт“,..., ја предводи претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на ОН - ЕКОСОК
-

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК
-

ДКСК отвори предмет за наодите содржани во ревизорскиот извештај на ДЗС кои се однесуваат на ИЈЗ
-

Кривична пријава против правно и физичко лице од Радовиш, нелегално заработиле скоро 1,5 милиони денари
-

Приведени 11 лица во текот на изминатото деноноќие затоа што кај нив е пронајдена дрога
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, шест возеле без возачка дозвола
-

Приведени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

Галузин: Европа засега нема разумни предлози за решавање на украинскиот конфликт
