Бизнис форум на македонски и бугарски компании
Во Скопје денеска на иницијатива на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на министри на Бугарија, Томислав Дончев ќе се одржи бизнис форум на кој ќе учествуваат македонски и бугарски компании.
На форумот насловен „МК-БГ 2019“, најавени се обраќања на македонскиот и бугарскиот вицепремиер, како и на македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и бугарскиот заменик-министер за економија Александар Манолев.
Се очекува присуство на претставници од шеесетина компании од Бугарија и голем број претставници на македонски компании. Компаниите од двете земји ќе имаат можност да оствaрат меѓусебни средби со цел интензивирање на меѓусебните бизнис односи.
Бизнис форумот е прв по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во 2017 година.
Ново на Сител
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград