Бислимоски: Гасното поврзување со Грција ќе ја намали цената на гасот до 20 отсто
Претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 отсто со идниот крак од Грција преку Македонија па се до Косово со што стануваме транзитна земја.
Ова го истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги Марко Бислимоски аа он-лајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ).
Како што соопшти РКЕ тој пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.
-Во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намали за 40 отсто. Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 отсто. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цента ќе оди надолу . Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово потенцира Бислимоски.
Прогнозите на потрошувачката и цените на енергенсите во претстојниот зимски период, и постапките за поднесување приговор доколку настане штета поради прекин на испорака на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија,беа дел од прашањата за кои стопанствениците изразија интерес.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети