„Билд“: Полскиот возач бил застрелан пред терористичкиот напад во Берлин
Полскиот возач Лукаж Урбан, бил застрелан во главата неколку часови пред терористот Анис Амри да го насочи укрдениот камион кон лугето, собрани на божикниот пазар во Берлин, тврди весникот „Билд“, повикувајќи се на резултатите од форензичката истрага.
Во терористичкиот напад од 19 декември, со камионот , одземен од Лукаж, беа убиени 11 лица на пазарот, како и полскиот возач.
Полјакот беше прогласуван за херој, откако германските и полските медиуми тврдеа дека Лукаж се борел со терористот Амри, за да го спречи во намерата камионот да го насочи кон лугето собрани на пазарот, во центарот на германскиот главен град.
Според „Билд“ лекарите од форензичката екипа, што ја водат истрагата, ги отфрлаат ваквите надоди на медиумите, затоа што утврдиле дека Урбан бил застрелан меѓу 16,30 и 17,30 часот, при што има загубено многу крв.
Сопственикот на фирмата за која возел убиениот возач, инаку братучед на Урбан, претходно, изјави за полицијата дека загубил секаков контакт со него околу 16 часот.
Лекарите на кои се повикува весникот, тврдат дека полскиот возач, можеби бил се уште жив во време на нападот, што се случи после 20 часот, но дека никако не можел да му пружи отпор на терористот, а уште помалку да се обидува да ја преземе контролата врз воланот и камионот.
Тунискиот џихадист Анис Амри побегна по нападот во Берлин, прво во Франција, а од таму во Италија, каде беше застрелан од полицијата во Милано, на 23 декември.
Истрагата сега се води околу тоа како Амри можел да се префрли од Франција во Италија и да не биде забележан и покрај масовната потера по него низ цела Европа.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога