Билатерални средби на министерот Изаири во Париз

Во рамките на светскиот Самит за клима кој се одржува деновиве во Париз, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири имаше низа билатерални средби со ресорните министри од државите кои учествуваа на министерскиот дел од конференцијата СОР 21.
Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на средбата со швајцарскиот државен секретар во Федералниот оддел за животна средина, транспорт, енергија и комуникации Бруно Оберие беше реафирмирана добрата соработка меѓу ресорните министерства на Швајцарија и Македонија, на полето на животна средина.
- Министерот Изаири оствари средба и со министерката за животна средина и просторно планирање од Турција, Фатма Гулдемет Сари. На средбата се договори изработка на Програма за соработка помеѓу двете држави за две наредни години врз основа на веќе постоечки Меморандум за соработка, потпишан во 2007 година и се потврдија заложбите за интензивирање на соработката на полето на климатски промени, користење на глобалните фондови, како и на зелениот климатски фонд, информираат од Министерството.
На средбата со австрискиот министер за замјоделие, шуми, животна средина и управување со водите, Андрe Рупрехтер договорено е продлабочување на соработката помеѓи двете министерства преку потпишување на Меморандум за соработка во правец на полесен пристап и искористување на фондовите за намалување на загадувањето и климатските промени.
На средбата со министерот за животна средина на Италија Ган Лука Гилети, пак, е договорено потпишување на Анекс на МОУ и заедничко делување за намалување на климатските промени и искористувањето на расположивите финансиски ресурси. На средбата е најавена посета на генералниот директор за одржлив развој, енергија и клима во италијанското Министерство за животна средина, територија и море, Франческо Ла Камера на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
-

Трамп потпиша пакет-закони со што се става крај на блокадата на американската влада
-

Мицкоски ќе се обрати на потпишувањето на договорот за поддршка на претпријатија за зелено работење
-

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев
-

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
