Бијонсе се подготвува за својата „најголема филмска улога“
По запоседнувањето на музичките скалила, Бијонсе сега смета дека е време и за освојување на Холивуд.
Бијонсе има настапено во неколку филма, но американските таболиди најавуваат дека таа се подготвува да ја одигра својата „најголема филмска улога досега“.
Пејачката, која веќе беше номинирана за Златен глобус за улогата во фимот „Dreamgirls“, наводно веќе една година активно зема часови по глума во Лос Анџелес и Њујорк, а спроед „Ју-Ес Викли“ станува збор за подготвка за некоја „важна и драматична улога“.
Според магазинот, 34-годишната Бијонсе наводно е „затрпуана“ со филсмки понуди, но е многу избирлива по тоа прашање. Таа наводно најмногу сака да работи на филмови со тема за правата на Афроамериканците.
Ваквите актерски амбиции на Бијонесе сепак не треба да ги плашат нејзините обожаватели, кои стравуваат дека таа би можела да ја стави својата музичката кариера во втор план.
Имено, славната пејачка и покрај сите актерски и семејни обврски, подготвува и нов албум. Деталите за него се очекуваат наскоро.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата