Безбедносни камери го регистрирале нападот врз полубратот на севернокорејскиот лидер
Безбедносни камери го регистрирале нападот на аеродромот во Куала Лумпур врз полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Снимката е објавена од јапонската телевизија Фуџи ТВ.
На видео снимката, од два различни агла, се гледа жена која застанува зад еден маж и му го фаќа лицето со двете раце, а потоа заминува. Друга жена, исто така, по нападот брзо се одалечува во друг правец, иако не се знае дали и таа учествува во него.
Потоа се гледа како крупниот, ќелав маж на средна возраст се препнува и го брише лицето по нападот, а подоцна на снимката се забележува како бара помош, го покажува лицето и на крајот е однесен до медицински пункт.
Полицијата вчера на прес-конференција соопшти дека нападнатиот им се пожалил на цариниците на аеродромот дека две жени му го допреле лицето со крпа со некаква течност.
Убиството на Ким Чонг-нам предизвика дипломатски недоразбирања меѓу Малезија и Северна Кореја, која настојува да не се врши аутопсија и телото да и биде предадено. Малезиското Министерство за здравство, пак, соопшти дека аутопсијата е нормална процедура и резултатите од неа ќе бидат готови веројатно до 22 февруари.
Полицијата истакна дека четворица осомничени Севернокорејци ја напуштиле Малезија на денот на нападот, но не соопшти повеќе детали. Според медиумите, тие се вратиле во Пјонгјанг преку Џакарта, Дубаи и Владивосток.
Јужнокорејските власти сметаат дека „убиството на Ким Чонг-нам е терористички акт, со кој се демонстрира жестокоста на режимот во Северна Кореја“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден