-->
-->
Без вода утре делови од Центар и Чаир
-->

Корисниците од улиците „Димитрија Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во Центар утре ќе немаат вода поради уличен дефект на водоводна цевка на ул. „Димитрија Чуповски“ бр. 27 (зад гимназијата „Јосип Броз Тито“).
ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека водоснабдувањето ќе биде прекинато утре од 8:30 часот до санирање на дефектот.
Од 8.30 часот утре без вода ќе бидат и корисниците од ул. „ Македонско-косовска бригада“, касарната „Илинден“, Трговскиот центар „Поинт“, „Вива фреш“, ресторан „Аванти“ и другите индустриски објекти во близина поради поставување водоводен приклучок на улицата „Босна и Херцеговина“ бр. 1-55 во Чаир.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на работните активности.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинери
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
