Без струја утре неколку улици во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Аеродром
Неколку улици од скопските општини Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, Гази Баба и Аеродром утре ќе останат без струја.
Од ЕВН Македонија информираат дека утре без струја од 09 до 13 часот ќе бидат корисниците од стопанските објекти Регенератор, асфалтна база Дарс, МВМ Компани, Гранит Лепенец и асфалтна база Гранит кај Лепенец до село Орман, како и дел од корисниците од улица „Мариовска“ во општина Кисела Вода и улица „Трнодол“ во општина Карпош.
Исто така, ќе има прекин на електричната енергија во периодот од 08 до 13 часот за корисниците од улица „Лазар Поп Трајков“ бр.20 и бр.22, во општина Гази Баба и за корисниците лоцирани на патот за село Долно Лисиче, како и за корисниците на потегот од село Долно кон село Горно Лисиче кон Биолеб, општина Аеродром, во период од 08.30 до 15 часот.
Ново на Сител
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора