Без струја утре делови од неколку скопски општини
Поради закажани технички зафати во ситемот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Студеничани, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Чаир и Аеродром.
Од РЦУК Скопје информираат дека утре од 08.00 до 12.00 часот без струја ќе бидат дел од село Крушопек – дел околу стопанските субјекти во Општина Сарај, од 12.00 до 15.00 часот ул. „2“ во с. Студеничани во Општина Студеничани, од 11.00 до 13.00 часот ул. „Томе Арсовски“ бр. 30 во Општина Кисела Вода, од 09.00 до 12.00 часот ул. „Антон Чехов“ во Општина Ѓорче Петров, од 07.30 до 15.30 часот корисниците од улиците „Македонски Кралеви“, „363“, „Клинска Река“, „Славеј Планина“, „391“, „Стојко Јовановски“, „Св. Прохор Пчински“, „7-ми Јули“, „Максут Садиќ“, „Пере Тошев“, „Кримска“, „Исмаил Кадаре“, ул. „380“ и бул. „Македонско Косовска Бригада“ во Општина Чаир и од 09.00 до 13.00 часот ул. „Боковиќ“ од бр. 8 – 10 и ул. „Митре Влаот“ бр. 20 во Општина Аеродром.
Ново на Сител
-

Вознемирувачки случај во Пробиштип: 74-годишник се самозадоволувал пред малолетно девојче
-

Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
-

На Македонци додека ручале во Грција им провалиле во автомобилот – останале без пасоши, пари и документи
-

Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026
-

Пакистан: Во тек се преговори меѓу САД и Иран за намалување на тензиите во Ормуската Теснина
-

Четворица починати од вирусот на Западен Нил во Грција
-

Даночно затајување од 12,6 милиони денари - кривично пријавени две лица и фирма
-

Jа заклучил вратата и им кажал да бегаат: 15 Колумбијки, Србинки и Албанки уапсени во Гостивар
