-->
-->
Без победник на Камп Ноу
-->

Барселона и Севилја одиграа 1:1 на „Ноу Камп“ во дуел на две екипи кои имаа две победи во првите два меча од новата сезона во Ла лига.
Севилја прва дојде во водство уште во осмата минута, кога Лук де Јонг се најде на вистинското место по еден корнер, за да ја искористи несигурната реакција на Нето да донесе водство на тимот на Хулен Лопетеги.
Одговорот стигна експресно – Лео Меси даде совршена топка за Жорди Алба, кој го пронајде Филипе Кутињо за израмнување во 10-тата минута, по што двата тима имаа повеќе шанси до крајот на првото полувреме, но не успеаја да постигнат гол.
Во второто полувреме, Севилја ја имаше најизгледната шанса, кога во 63. Роналд Араухо по една несмасна реакција во сопствениот шестнаесетник ја погоди пречката, но во 81. минута Барса врати преку убава шанса на Лео Меси со шут од 20-тина метри кој голманот Буну ја исфрли во корнер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
