-->
-->
Без Несторовски против Норвешка
-->

Напаѓачот на Палермо, Илија Несторовски е ослободен од оврските кон националниот тим за пријателскиот натпревар со Норвешка кој ќе се одигра во Скопје на 11 ноември.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и селекторот Игор Ангеловски решија да ја прифатат молбата на претседтелот на Палермо, Маурицио Зампарини, Несторовски да биде ослободен од обврските кон репрезентацијата бидејќи дуелот со Норвешка од пријателски карактер.
Палермо експресно сака да се врати во Серија А, се наоѓа нна второто место на табелата во Серија Б, а Несторовски е најдобар играч и стрелец на тимот. Македонецот има постигнато девет од 17 гола за тимот од Сицилија.
Инаку, Палермо на 12 ноември има тешко гостување во Кремона, кај конкурентот за висок пласман Кремонезе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
