-->
-->
Без Лино во Елверум
-->
Лино Червар нема да го предводи од клупата Металург во последниот меч оваа сезона во Лигата на шампионите, во Норвешка против Елверум.
Искустниот стратег, поради здравствени проблеми, ќе отсуствува од овој натпревар, на кој неговите играчи ќе се обидат да останат непоразени.
„Нашиот прв тренер, Лино Червар, се опоравува во болницата во Осиек, каде ласерски му е разбиен камен во бубрегот. На Лино Червар му посакуваме брзо заздравување“, објави клубот на својата интернет страница.
Инаку ова ќе биде втор натпревар за Металург без Лино Червар на клупата, откако тој го пропушти и првенствениот натпревар против Работнички.
Во отсуство на Червар, Металург од клупата ќе го предводи неговиот асистент Александар Јовиќ.
Натпреварот меѓу Елверум и Металург ќе се одигра в недела со почеток во 15:15 часо
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро