Без болка на едноставен начин ослободете се од забниот каменец

Непријатните жолти па дури и кафеави наслаги на забите може да се отстранат и дома!
Тоа е заеднички проблем кај сите луѓе, а модерната стоматологија нуди многу современи начини за нивна елиминација. Денес се’ поретко се јаде цврста, сирова храна која бара добро соџвакување за да се формира залакот, а почесто се јаде мека, кашеста храна која не бара голема механичка обработка.
Затоа доаѓа до често формирање на забни наслаги. Но, постои метод кој е многу едноставен, а кој може да ви заштеди пари.
Оралната хигиена е многу важна: Ако редовно и правилно ги четкате забите, поспоро ќе се создаваат ваквите наслаги. Во спротивно може да се развие воспалителна болест – периодонтитис. Ако инфекцијата продре низ каналот на коренот, може да дојде до воспаление на целото ткиво.
-Неколку лушпи од орев варете ги во вода околу 20 минути.
-Откако ќе излади, процедете ја течноста.
-Потоа со оваа течност добро исчеткајте ги забите.
Оваа постапка може да се повтори трипати во денот – се’ додека наслагите целосно да исчезнат!
За две седмици редовно четкање со оваа течност, ќе го забележите резултатот – ќе биде отстранет забниот камен. Оваа течност има антибактериски својства и затоа е корисна за сите кои страдаат од крвавење на непцата: воспалението исчезнува за кратко време.
Ново на Сител
-

Тутунарите не се задоволни од понудените откупни цени за годинашнава реколта
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
