Истражување: Витаминот Ц може да ги заштити белите дробови од загадување

Големи дози на витамин Ц значително можат да го намалат штетното дејство на ситните честички во воздухот врз белите дробови, покажува ново истражување на Универзитетот за технологија во Сиднеј (УТС). Научниците спровеле експерименти направени врз глувци и лабораториски одгледувани човечки ткива и откриле дека витамин Ц го намалува губењето на митохондриите, ги ублажува воспаленијата и го спречува оштетувањето предизвикано од оксидативен стрес. Сепак, тие нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди дали одредени дози на витаминот Ц вистински ги штитат и луѓето.
Во овој научен труд се вели дека земањето на највисока доза на витаминот може да помогне, но секогаш во консултација со матичен лекар, појаснува молекуларниот биолог Брајан Оливер од УТС. Загадувачките ПМ честички најчесто потекнуваат од сообраќајот, шумските пожари и песочните бури, а студијата покажа дека дури и ниските нивоа можат да предизвикаат сериозни оштетувања на организмот.
- Не постои безбедно ниво на загадување кое не предизвикува воспаление на белите дробови и хронични респираторни заболувања, но со консумирање на витаминот Ц добиваме евтин, превентивен третман, додава Оливер.
МИА
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
