-->
-->
Без Алиоски и Тричковски против Австрија и Израел
-->
Македонската фудбалска репрезентација треба да одигра уште две квалификациски средби за ЕП наредната година. Против Австрија во гости и Израел во Скопје. Денес официјално стартуваа и подготовките за овие две средби.
Селекторот Ангеловски на брифингот при првата прозивка соопшти дека повредите и натаму прават проблеми со составот и овојпат во комбинација нема да бидат Алиоски и Тричковски. Ново име во нашата репрезентација е фудбалерот на словачки Ружомберок Тихомир Костадинов.
Екстра проблеми за селекторот се и казните па на првата средба со Австрија нема да настапат Муслиу, Несторовски и Николов.
Првата средба во Австрија ја играме во четврток на 16. Ноември а три дена подоцна е средбата во Скопје со Израел која најверојатно ќе одлучи дали Македонија ќе биде трета во овој квалификациски циклус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце