-->
-->
Бетис убедливо ги порази Барди и Леванте
-->

Бетис го победи Леванте со 4:0 во последниот натпревар од шестото коло во Ла Лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди во поразот на „Бенито Виљамарин“ одигра нешто помалку од 60 минути.
Бетис против Леванте ја материјализираше сензационалната победа во Мадрид над Реал и се искачи на петтото место на табелата. Од друга страна, тимот за кој настапува Барди го запиша првиот пораз во сезоната.
По израмнетото прво полувреме, во кое немаше голови, Бетис го декласира Леванте во вторите 45 минути кога беа постигнати головите.
Серијата ја отвори младиот Парагваец Санабрија во 49. минута, потоа следуваа головите на Фабијан Руиз и Серхио Леон, а точка на натпреварот стави Санабрија во 93. минута со својот втор гол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог
-

Втори во Европа по ниво на загаденост: Граѓаните „бегаат“ на Водно и бараат сонце
-

СДСМ бара вонредна седница и итни мерки
-

Откажани 20 летови на скопскиот аеродром поради густа магла, расчистување и снег од вторник
-

Дали новата варијанта на грип што се шири во Европа ќе ги загрози и граѓаните во Македонија?
-

Експерти: Барањата на Ахмети се надвор од Рамковниот договор, смените во опозицијата се козметички
-

Тивкиот повик за припадност: Како плакати и QR-кодови стануваат „јадица“ за радикализација
-

Патот до Галичица затворен
