Бесплатно приклучување на топлинската мрежа до 15 септември

Снабдување со топлина Балкан Енерџи започнува акција за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија. Акцијата ќе трае до 15. септември, а сите заинтересирани потрошувачи што сакаат да бидат приклучени на системот за топлинска енергија до почетокот на грејната сезона треба да се пријават што поскоро, информираат од БЕГ.
Акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Првичната најава и неопходните информации заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат на телефонскиот број 02/3076-200 или на наплатните пунктови во подружниците.
Акцијата за бесплатно приклучување на системот за топлинска енергија е дополнителна придобивка за граѓаните на градот Скопје, со која добиваат можност за загревање на своите домови со најниски финансиски трошоци. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија (парното грење) за домаќинствата се намали за 10,93%. Намалувањето на цената на топлинската енергија од 2013 година, од кога БЕГ ги поседува лиценците за производство, дистрибуција и снабдување, за домаќинствата изнесува 35,25%.
Можноста за бесплатно приклучување кон системот за греење, покрај домаќинствата, можат да ја искористат и правни лица. Оваа група потрошувачи со одлука на Регулаторната комисија за енергетика добија намалување на цената од 28,74% до 40,61%, во зависност од категоријата на потрошувачот.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
