Бесната толпа не сакаше да чека полицијата: На монструмот кој силувал трудница и 4-годишно девојче му пресудија на лице место
На интернет е објавена снимка на која се гледа како бесна толпа го линчува мажот обвинет за силување на трудница и четиригодишно дете. Во тој судар мораа да интервенираат и полицајци.
Крвавата глетка се одвиваше во општината Соледад на северот од Колумбија, а мажот подоцна почина во болница. Тој бил познат под прекарот "Boca de Perro" (Кучешка уста), а наводно бил сериски силувач.
Напастувал најмалку 4 жртви, меѓу кои и едно девојче од четири години, а локалните медиуми пренесуваат и дека силувал бремена жена. Откако брутално го истепале, на снимката се гледа мажот како лежи во локва крв. Потоа почнува да мрда и се слуша како луѓето зборуваат дека уште е жив.
Кога полицајците стигнаа на самото место во воздух се испукани неколку истрели за да се растера толпата, но не можеле да го запрат континуираното фрлање камења и метал на наводниот силувач.
Локалните медиуми јавуваат дека двајца полицајци морале да повикаат дополнителна патрола за да ја запрат толпата. Мажот е префрлен во болница, каде починал од бројните повреди. Неколку часа по настанот, едно 17-годишна девојка на родителите им рекла дека тој маж неодамна ја силувал.
„И рекол на никому да не кажува. Знаел дека има двајца браќа и знаел и каде живееме. И се заканил дека сите ќе не убие ако некому каже што и се случило“, рече нејзината мајка.
Додаде и дека силувачот не користел кондон, а додека ја силувал нејзината ќерка пушел марихуана и шмркал кокаин. Локалното население вели дека ова не е прв ваков случај поврзан со тој маж. Им било доста од тоа што полицијата не реагира и решиле да ја земат работата во свои раце. Силувачот се криел во планините, каде наводно имал душек на замјата, а околу имало облека од неговите жртви. Тие рекле дека ги пресретнувал додека оделе низ тој крај, им се заканувал со нож и за коса ги влечкал до таму.
Иако не е официјално идентификуван, медиумите пренесоа дека се работи за озлогласениот „Кучешка уста“. За силување го обвини и една 23-годишна девојка од Венецуела, но полицијата не ја прифати нејзината пријава поради националноста. Негов роднина рече дека стигнал во градот пред неколку дена.
„Не заслужи така да умре, тоа е нехумано, дури и ако обвинувањата се вистините“, рече тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден