Бесмртниот Русин ја откри шокантна тајна: Ставил рака под врел течен челик, тоа што следело е неверојанто
После две години претпоставки меѓу изненадените гледачи на Јутјуб, се огласил "бесмртниот Русин" кој на снимката ја става својата дланка под млаз стопен челик.
Аркадиј Мгдасијан открил дека позади неверојатиот трик, кој го виделе преку милион и половина луѓе, крие феномен под назив "Лајденфростов ефект", како што и многумина претпоставувале додека го гледале видеото.
Тоа се случува кога водата ја допира исклучиво жешката површина, со што пареата за момент создава заштитна бариера.
"Ако добро ја намокрите раката пред да ја допрете вжештената стопена маса, пареата за момент, ја штити вашата кожа од изгореници", објаснил храбриот работник во челичарница во Ерменија, во која ова е традиција.
Аркадиј признал дека се плашел кога првиот пат го извел трикот, иако ги гледал колегите како ја провлекуваат дланката под вжештениот течен челик.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228