Бесими: Нема да има значително зголемување на цената на струјата
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го повтори својот став дека нема да има значително зголемување на цената на струјата. Конечната одлука, како што рече, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, но очекувањата на Владата се дека зголемувањето нема да биде значително.
– Владата има пресметки и затоа одлуката на Владата, како сопственик на ЕСМ, е со која цена да се оди кон универзалниот снабдувач. Тоа е јавна политика на Владата – за да се ублажи ценовниот ефект, се оди со пониска цена на чинење на електричната енергија. Затоа, буџетски средства одат кон ЕСМ за да се покрие таа загуба и да се ублажи ценовниот ефект, рече Бесими, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.
Потсети дека кон ЕСМ се насочени четири милијарди денари и дополнителни 980 милиони денари. Дополнително, во Буџетот за 2022 година планирани се и средства за докапитализација на ЕСМ. Како мерки кои се во насока на поддршка на граѓаните, Бесими ги посочи и намалувањето на ДДВ и финансиската помош од илјада денари за социјално загрозените семејства и 9.000 пензионери со ниски примања.
Ново на Сител
-
Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16
-
Елмедин Конаковиќ најави протестни ноти до земјите што беа против резолуцијата за Сребреница
-
Осуммина убиени со напад со нож во Кина
-
Русија вели дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала
-
Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико
-
Честитка од Љупчо Димовски, претседател на СПМ по повод 24 мај
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска Давкова во Рим на чествување на Денот на сесловенските просветители