Бесен затоа што пронашол 10.000 јени под перница во хотел

Голем број гости од хотелот би биле среќни да пронајдат пари под перниата во нивната соба, но Лу Ганг од Кина бил лут кога под неговата перница пронашол 10.000 јени (1,6 илјада евра).
Тој се подготвувал да го напушти хотелот и при последната проверка ги пронашол парите. На персоналот на хотелот тој им порачал дека е несреќен поради нивната негрижа, бидејќи парите докажуваат дека хотелскиот персонал не ги чисти собите.
Во хотелот била повикана полиција која ги презела парите, а хотелскиот персонал изјавил дека парите се сопственост на гостинот кој бил претходно.
- Парите не беа мои и се наоѓаа под перницата каде спиев. Чистачките не си ја работат својата работа. Не ги смениле навлаките во овој случај. На површината се изгледа во ред, но кој може да ми гарантира дека креветот е уреден според стандардите за хигиена? Зарем не е секојдневна рутина на хотелот да ги подготви креветите?, праша тој.
Персоналот и полицијата го пофалиле Лу, но тој не бил среќен, туку вознемирен, затоа што се прашувал на што навистина спиел, односно колку е чиста постелнината.
Хотелот Чонггинг има три ѕвездички, а според кинескиот Закон сите хотели, па дури и да имаат една ѕвездичка се должни да ја менуваат постелнината.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
