БЕСА нема да ја поддржи кандидатурата на Џафери за претседател на Собранието
Движењето БЕСА соопшти дека нема да поддржи Талат Џафери да биде кандидат за претседател на Собранието на РМ зашто смета дека кандидатурата е наметната. Предлогот, наведува движењето БЕСА, е на тројката СДСМ-ДУИ-Алијанса на Албанците, доставен денеска во Собранието и јавно соопштен.
БЕСА посочува дека имале нивни предлог-кандидат „со кредибилитет и без корупција, криминалност и прекршување на законот“ и тоа го направиле, како што наведува, „во име на перспективата на земјата и на реформските и интеграциските процеси“, но нивниот предлог не бил земен предвид од трите наведени партии. Тоа, според БЕСА, значи дека меѓу кандидат на БЕСА и на ДУИ, СДСМ одлучил да биде со ДУИ.
- Ако со ДУИ почнува првата алка на реформите, тогаш ви благодариме но ние не сме за такви реформи. Партијата што десет години по ред му служеше на Никола Груевски и заедно со него се главните виновници за оваа криза, кои зад себе оставија монтирани политички процеси, сиромаштија, иселување, оддалечување од евроинтеграциските процеси, „Скопје 2014“ и др., не може да донесе реформи. Ако ние и притоа веруваме дека тие може да бидат реформатори, ова значи дека не си веруваме ни самите себеси, истакнаа од БЕСА на прес-конференција во Собранието.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено