„Берлинале“ 2026: Мишел Јео ја доби „Златната мечка“ за животно дело

Во Берлин синоќа, со филмот „Нема добри луѓе“ од авганистанскиот режисер Шарбан Садат, беше отворен 76. Меѓународен филмски фестивал („Берлинале“). Во првата вечер, холивудската ѕвезда и „Оскаровка“ Мишел Јео ја доби почесната „Златна мечка“ за животно дело.
Годинава, 22 филма се натпреваруваат за главните награди на фестивалот, „Златната“ и „Сребрената мечка“, а претседател на жирито е германскиот режисер Вим Вендерс. Примајќи го почесното признание, Јео се потсети на своите почетоци и поддршката што ја добивала во германскиот главен град.
– Кога сè уште се барав каде припаѓам, Берлин ме прифати. Тоа рано добредојде беше важно. Покажа дека има место за гласовите од маргините, за уметници кои сè уште се дообликуваат – рече малезиската глумица, држејќи ја наградата в раце.
Претседателот на меѓународното жири, Вендерс, за „Варајети“ (Variety) рече дека филмовите можат да го променат светот, но не директно преку политиката.
– Ниеден филм не го променил мислењето на политичар, но може да го промени начинот на кој луѓето размислуваат за тоа како сакаат да живеат. Уметниците треба да работат во интерес на луѓето, а не на политичарите – изјави Вендерс, дополнувајќи дека филмот е противтежа на политиката.
Тој нагласи дека овој фестивал се издвојува по разноликоста и по тематската разновидност на филмовите, наведувајќи дека публиката може да види „повеќе лица од светот отколку на кој било друг фестивал“ на планетава.
И покрај дождот и студеното време, Бела Ремзи, Нил Патрик Харис, Даниел Брил и Ларс Ајдингер прошетаа по црвениот тепих, додека некои учесници ја искористија можноста да испратат и политички пораки, носејќи транспаренти со натписи против фашизмот и во поддршка на иранскиот народ. Овогодишното издание на „Берлиналето“ трае до 22 февруари, а членовите на жирито, предводени од Вендерс, ќе го објават добитникот на „Златната мечка“ за најдобар филм на свеченото затворање на 21 февруари.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
