Берлин го предупредува лондонски Сити за ризикот од Брегзит
Висок функционер на германската централна Бундес банка, ја предупреди Велика Британија дека по Брегзитот, лондонскиот финански центар Сити најверојатно ќе ја загуби својата сегашна улога на „порта на ЕУ“ за виталните финансиски работи.
Според Андреас Домбрет, член на Управниот одбор на Бундес банката, дури и кога правилата за банкарско работење меѓу Велика Британија и ЕУ би останале идентични, Сити ќе биде „многу далеку“ од пристапот кон заедничкиот пазар на ЕУ.
Дамбрет зборувал на една затворена за јавноста конференција на германските бизнисмени и банкари во Франкфурт, чии детали ги откриваат британските медиум, кои забележуваат дека станува збор за едно од ретките отворени искажувања за тоа каква ќе биде позицијата на Германија во преговорите за Брегзит.
Медиумите во Лондон забележуваат дека германскиот пристап кон истапувањето на Лондон од ЕУ ќе биде „прилично цврст“.
- Сегашниот модел да се користат Лондон и Сити како порта на ЕУ, многу е веројатно дека ќе престане да постои, рекол Дамбрет, иако објаснил дека не сака да постои конфронтација во идните односи со Велика Британија, а посебно не во британското финансиско работење со ЕУ.
Бундес банката која е одговорна за надгледувањето на банките и на вкупните финансии не ја крие загриженоста од актуелниот засилен тренд за притискање врз меѓународно усогласените стандарди.
Во германските банкарски кругови се стравува од можноста Велика Британија по Брегзит да се претвори во „Сингапур во Европа“, намалувајќи ги даноцоте и олеснувајќи ја финансиската регулатива за да се потикнат банките и бизнисот да инвестираат во Велика Британија.
- Брегзит води кон ренационализација во целиот овој сектор, а неговиот ефект од ова ќе ги погоди сите во ЕУ, предупредил Домбрет.
Лондонски Сити, сега, претставува финансиски главен град на ЕУ. Повеќе од една третина од целото банкарство, меѓу големите бизниси, владите и пензиските фондови е сместено во Велика Британија.
Речиси 80 отсто од сите девизни трансакции на ЕУ се извршуваат во Сити, низ кој дневно минуваат стотици и илјаднци милијарди фунти промет.
Ново на Сител
-
Трамп - И Израел и Иран не го почитуваат примирјето
-
Мајка и три деца попладнево со авион ќе бидат евакуирани од Тел Авив во Атина
-
Почна дводневниот самит на НАТО
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во АФЕТ - одбиени амандманите на бугарските европратеници
-
Таткото тепач во притвор, за детето жртва на насилство неопходна е стручна помош
-
Законот за правична застапеност помина на Влада
-
Одложено рочиштето за таткото на Васил – ОЈО одлучи да го гони за поблаго кривично дело
-
Извештајот на Вајц со „Македонски јазик и идентитет“ усвоен во Комитетот за надворешни работи на ЕП