Бериша се попишмани, сега повикува на демократска револуција

По повикот, од собраниската сала, албанските граѓани да се вооружат за да се одбранат од Владата, која ја нарече криминална организација, поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша доцна попладнево повика на „мирна револуција“, јави дописникот на МИА од Тирана.
- Ги повикувам граѓаните на демократска револуција, преку мирни средства што побрзо да ги отстраниме и да ги однесме во заслуженото место ,во корпата на отпадоци на историјата, изјави Бериша.
Тој повторно го обвини актуелениот премиер Еди Рама и министерот за внатрешни работи Саимир Тахири за поврзаност со криминалци.
Претходно, Бериша граѓаните ги повика на самоодбрана.
- Ги повикувам граѓаните да се вооружат за самоодбрана и нивна безбедност. Доколку вие и се заканувате на опозицијата со криминалци, граѓаните се подготвени да ви се спротивстават со оружје. Се вооружуваат Американците, се вооружуваат сите граѓани. Со оваа криминална органзиација на власт нема безбедност, ред и мир, рече претходно Бериша.
По првата изјава албанскот прв полицаец од Обвинителството побара да поведе истрага, додека пратеничката група на владејачките социјалисти собраа потписи и доставија барање до Претседателството на Парламентот за отповикување на Бериша од функцијата пратеник.
Бериша беше шеф на албанската држава од 1992 до 1997 година, кога на самот почеток на неговиот втор мандат беше принуден да се повлече по масовните пролетни немири во земјата. Премиер беше во два мандата. По поразот на неговите демократи на изборите во 2013 тој се повлече и од лидерската функџија во Демократската партија на која беше две децении.
Ново на Сител
-

Колони возила на бензинските станици
-

Колони возила на бензинските станици
-

Тема на денот со Тони Менкиновски, адвокат
-

ВМРО-ДПМНЕ со слики го потсети Филипче дека лажеше за мигрантите, СДСМ тврди дека мигрантите доаѓаат
-

Почна со работа меѓупартиската група за Изборен законик
-

Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат
-

83 години од депортацијата на штипските евреи
-

Од полноќ дизелот поскап за 14,5 денари, гужва на бензинските
