Бензините поевтинуваат од полноќ, цената на дизелот останува непроменета
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука однос на одлуката од 29.5.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,411%, кај дизелот за 0,843%, кај екстра лесното масло за 0,878% и кај мазутот намалувањето е за 2,585%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,621%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,571 ден/кг и сега ќе изнесува 39,604 ден/кг.
Од 6.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,604 (денари/килограм)
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 6.6.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, стои во соопштението од РКЕ.
Ново на Сител
-
Анализа: Зошто партиите не ги објавуваат претседателските кандидати порано, туку пред избори?
-
Крадец се засолнил во училиште, настанала паника
-
Teма на денот со Весна Јаневска
-
Заврши распитот на Стојков, за Димковски отворена истражна постапка
-
Во Македонија има епидемија на корупција, ќе има нови имиња на црната листа, кажа Агелер
-
Ковачевски: Јас ќе формирам Влада, а нашиот кандидат за претседател ќе победи на изборите
-
Ќе бидеме робови во сопствената држава ако странци ни ја управуваат струјата, велат експертите
-
Најдени рецензенти, учебници по историја уште нема