Белград и Скопје сакаат удел во бугарската нуклеарка Белене

Бугарскиот заменик-премиер Томислав Дончев изјави за весникот „Труд“ дека Северна Македонија и Србија сакаат удел во идната нуклеарна централа „Белене“.
Дончев, како што пренесува БТА, истакна дека „не постои шанса нуклеарната централа Белене да се гради без учество на рускиот Росатом“.
Нуклеарната централа Белене се планира да се гради во северниот дел на Бугарија, во близина на Дунав, за да ги замени реакторите на нуклеарната централа Козлодуј, кои се повлечени од употреба како дел од исполнувањето на условите за влез на Бугарија во Европската унија.
Во 2010 година, бугарската Влада го замрзна овој проект на неопределено време поради неизвесната профитабилност. Според новите планови на Владата во Софија, нуклеарката Белене би требало да биде изградена во наредните 10 години, а би чинела околу 10 милијарди евра.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
