Белгија воведе карантин за лицата кои се позитивни на вирусот мајмунски сипаници
Белгија е првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за луѓето кои се позитивни на вирусот мајмунски сипаници, кој е регистриран во 12 земји.
Белгиските здравствени власти соопштија дека сите заразени ќе мора да бидат изолирани три недели, откако во земјата беа регистрирани три случаи на мајмунски сипаници. Се верува дека изворот на инфекцијата е фестивалот во Антверпен.
Ретка вирусна инфекција, која луѓето обично ја добиваат во тропските области на Западна и Централна Африка, може да се пренесе со многу близок контакт со заразено лице.
Симптомите се обично благи, а повеќето пациенти се опоравуваат во рок од неколку недели без третман. Сепак, болеста може да се покаже како фатална бидејќи сојот што ја предизвикува сегашната епидемија убива еден од 100 заразени луѓе.
Болеста, која првпат беше откриена кај мајмуните, може да се пренесе од човек на човек преку близок физички контакт, како и сексуален однос и е предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, вирусот е регистриран во Австралија, Белгија, Канада, Франција, Германија, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД со вкупно 92 потврдени случаи и 28 „сомнителни“ случаи.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата