Белгија воведе карантин за лицата кои се позитивни на вирусот мајмунски сипаници
Белгија е првата земја која воведе задолжителен 21-дневен карантин за луѓето кои се позитивни на вирусот мајмунски сипаници, кој е регистриран во 12 земји.
Белгиските здравствени власти соопштија дека сите заразени ќе мора да бидат изолирани три недели, откако во земјата беа регистрирани три случаи на мајмунски сипаници. Се верува дека изворот на инфекцијата е фестивалот во Антверпен.
Ретка вирусна инфекција, која луѓето обично ја добиваат во тропските области на Западна и Централна Африка, може да се пренесе со многу близок контакт со заразено лице.
Симптомите се обично благи, а повеќето пациенти се опоравуваат во рок од неколку недели без третман. Сепак, болеста може да се покаже како фатална бидејќи сојот што ја предизвикува сегашната епидемија убива еден од 100 заразени луѓе.
Болеста, која првпат беше откриена кај мајмуните, може да се пренесе од човек на човек преку близок физички контакт, како и сексуален однос и е предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници.
Според последните податоци на Светската здравствена организација, вирусот е регистриран во Австралија, Белгија, Канада, Франција, Германија, Италија, Холандија, Португалија, Шпанија, Шведска, Велика Британија и САД со вкупно 92 потврдени случаи и 28 „сомнителни“ случаи.
Ново на Сител
-
Ковачевски: Со ребалансот се обезбедуваат средства за антикризни мерки, поддршка на земјоделците и повисоки плати и пензии
-
Тупанчески: Ветингот може да биде направен и со постојните законски решенија
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред угостителски објект во Дојран
-
Кривична за тетовец за предизвикување пожар на паркирано возило
-
Митева: Власта го лаже народот, следува енормно поскапување на цената на струјата
-
Спречено ширење на пожар во плевна во тетовско Камењане
-
Маричиќ: Пред нас се многу предизвици, важно е да останеме на европскиот пат
-
Ковачевски до Николовски: Ние го браневме македонскиот идентитет во Брисел, вие молчевте!