-->
-->
Белгија ќе уништи вакцини против Ковид во вредност од над 80 милиони евра
-->

Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините.
Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите.
Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле за вакцинација со пет дози на секој белгиски граѓанин.
Белгиското Министерство за здравство наведува дека сите земји од ЕУ ќе ги уништат вакцините против Ковид, но некаде количините ќе бидат уште поголеми.
Се додава дека, покрај вакцините, во Белгија ќе бидат фрлени и други материјали поврзани со пандемијата како маски и комплети за тестирање – за вкупно 131 милион евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
