Белгија го надмина рекордот на новозаразени од 2020, над 27.000 нови случаи на Ковид-19 во еден ден
Бројот на новозаразени со Ковид-19 на почетокот на оваа недела го надмина рекордот од ноември 2020, а ситуацијата не се подобрува ниту денеска според официјалните статистики, јави дописничката на МИА од Брисел.
Со 27.199 нови случаи на Ковид-19 регистрирани на 3 јануари годинава, Белгија ги надмина 25-те илјади нови заразени од вториот бран во ноември 2020. Денеска бројката надминува 27 илјади и научниците најавуваат дека кривата ќе продолжи да расте поради сојот омикрон кој сега е мнозински во земјата.
Како и во другите земји, сојот омикрон се чини помалку смртоносен: бројот на починати е намален за 26 отсто во споредба со претходната недела. Иако бројот на хоспитализирани е во пораст за 28 отсто, товарот врз интензивната нега се намалува со пад од 17 отсто.
Денеска федералната влада во рамките на Советот за коронавирусот ќе одржи нов состанок на кој ќе треба да се „испеглаат” разликите помеѓу политичарите и научниците, откако власта минатиот месец одби да ги следи препораките на експертската група за Ковид-19 и ги затвори театрите и кината, но ги остави отворени угостителските објекти.
Последниот експертски извештај препорачува да се работи од дома целосно, но да се остават училиштата отворени. Научниците бараат поголема конзистентност од политичарите во управувањето со епидемијата.
Ново на Сител
-
27-годишен кавадарчанец физички ја нападнал својата баба
-
Откриен идентитетот на двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа
-
Претрес во Битола, пронајдена марихуана
-
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец
-
Обвинителството поднесе жалба барајќи ефективен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пронајдени оружје и муниција
-
Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон
-
Кривични пријави против лица од Пробиштип и Свети Николе за кражби од цркви