Бектеши сѐ уште во полициска станица
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.
Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.
- Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави Тошковски.
За случајот досега се сослушани над 20 лица, а за 11 Обвинителството поведе постапка за проверка. Од нив за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, додека останатите три сѐ уште се хоспитализирани во потешка здравствена состојба.
Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.
Според досегашната истрага на институциите, во дискотеката немало хидрантска мрежа и доволно ПП апарати, во неа противзаконски биле користени пиротехнички материјали, немала ниту легална лиценца за работа и не бил склучен писмен договор меѓу организаторот и групата што настапувала.
Ново на Сител
-
Превентивни активности за безбедно патување во летни услови
-
Мицкоски: Будно ја следиме состојбата со Иран и Израел, активиран е кризен штаб во МНРиНТ
-
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел
-
Велешанец нападнал малолетничка и се заканувал на полицијата - моментално е во бегство
-
42-годишник од Виница возел со 2,99 промили во крвта, се превртил на патот
-
Убиени уште двајца виско рангирани ирански генерали
-
Неколку земји на Блискиот Исток повторно го отвораат водушниот простор за цивилен сообраќај
-
Тешко повреден скопјанец откако излетал од пат со возило