Бектеши: Малите и средни претпријатија остануваат во фокусот на Владата

Изедначување на условите и поддршката за домашните и странските инвеститори, враќање на дневната ефтина тарифа на струјата, ревизија на индустриската политика, изготвување закон за енергетика и за енергетска ефикасност, се само дел од резултатите на Министерството за економијата во изминатите 100 дена.
Како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши давајќи отчет за сработеното, во фокусот остануваат олеснувањето на трговијата, малите и средните претпријатија, туризмот и угостителството, занаетчиството, женското претприемништво,...
- Сите наши резултати значат победа на граѓаните, бидејќи се креирани согласно нивните потреби, дискутирани на директни средби со нив, состаноци со бизнисмените и нивните здруженија, со потенцијалите инвеститори, и домашни и странски, кои имаат планови за нови бизнис приказни во Македонија... На сите им е потребна поддршка која сме подготвени да им ја дадеме со цел поголем економски развој и подобар живот на сите, нагласи Бектеши.
Министерот порача дека институциите мора да се во служба на граѓаните, а бизнис заедницата, за нејзино непречено работење, треба без чекање и одолговлекување да ги добива потребните документи (лиценци, дозволи, решенија) што се во надлежност на Министерството за економија.
Ново на Сител
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
