Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори

Во првиот квартал годинава споредбено со четвртиот квартал од минатата година, закупот на станови бележи пад од 47 проценти, а намалување од 40 проценти има на вкупната месечна закупнина. Во општините Штип, Кисела Вода, Карпош и Охрид има раст на просечната месечна закупнина, а намалена е во Гази Баба и Аеродром.
Од 1 јануари до 31 март годинава во Регистарот на цени и закупнини се евидентирани 2.583 закупи, што е намалување од 15,4 проценти во однос на четвртиот квартал од 2025 година, но од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) оценуваат дека пазарот на закуп на станови останува стабилен со умерени промени по региони.
Извештајот од регистарот на цени и закупнини на АКН за периодот јануари - март годинава покажува дека вкупната месечна закупнина за првиот квартал е 1,1 милиони евра, што е намалување од 8,6 проценти на квартално ниво.
Најголем број од закупите од овој квартал, припаѓаат на деловни простори и тоа 40 проценти, односно 1.019 закупи, по што следуваат становите со 28 проценти (729 закупи), земјоделско земјиште и шуми со 15 проценти (394 закупи), куќи со 12 проценти (309 закупи).
Индустријата учествува на пазарот со 2 проценти закупи, додека градежното земјиште, гаражите и останати недвижности со по 1% од вкупниот пазар на закупи на недвижности.
Во овој квартал се закупени недвижности со вкупна површина од 2.728.415 квадратни метри со вкупна месечна закупнина од 70.064.654 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште и шуми, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.
Куќите бележат пад на бројот на закупи од 23 проценти и пад на вкупната месечна закупнина од 19 проценти во споредба со претходната година.
Кај деловните простори забележан е раст на бројот на закупи од 12 проценти и раст на вкупната месечна закупнина од 4 проценти во споредба со претходната година.
Во овој квартал постои зголемена побарувачка за изнајмување на гаражи.
Во изминатиот тримесечен период во општините Арачиново, Вевчани, Зрновци, Липково и Центар Жупа не се регистрирани договор за закуп на недвижности во Регистарот на цени и закупнини, а има четири општини со само по еден закуп.
Најголем број закупи имало во Општина Центар, 311, во Општина Штип, 208, во Општина Аеродром, 184, и во Општина Карпош каде се регистрирани 178.
Податоците за просечната месечна закупнина на станови покажуваат различни движења по општини.
Во Кисела Вода просечната месечна закупнина во првиот квартал од 2026 година, има раст од околу 7 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2025 година.
Општина Центар е со благ раст од 1 процент, а Општина Карпош бележи пораст од околу 4,2 проценти, што покажува континуирана побарувачка за станови во оваа општина.
Во Аеродром е забележано мало намалување на закупнината во првиот квартал со пад од околу 4,3 проценти.
Охрид има умерен раст на закупнината од околу 3,3 проценти.
Најголемо намалување е забележано во Гази Баба, каде просечната месечна закупнина се намалила за околу 25 проценти.
Во Штип е евидентиран раст од 5,4 проценти во споредба со четвртиот квартал од 2025 година.
- Генерално, пазарот на закуп на станови останува стабилен со умерени промени по региони - велат од Катастарот.
МИА
Ново на Сител
-

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари
-

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите
-

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“
-

Сиљановска-Давкова ги прими ракометарите кои на 27. Светско првенство во ракомет за средношколци постигнаа историски успех
-

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа, опфатени пет лица
-

Познати ривалите на македонските екипи и за втората рунда квалификации од Конференциската лига
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
