Бегајќи од циклонот во Мозамбик, жена се породила на дрво

Една жена се породила на стебло од манго, бегајќи од поплава во средишните делови на Мозамбик, која била предизвикана од циклонот Идаи, објави Би-би-си.
Амелија, инаку самохрана мајка, на свет донесе женско бебе, кое го крсти Сара. Таа се држела на гранките и себе си и девојчето и двегодишниот син цели два дена. Соседите ги спасиле откако минала бурата која уби најмалку 700 луѓе.
– Бев дома со синчето кога, одеднаш, водата почна да навлегува во куќата… Немав друг избор освен да се качам на дрвото, изјави храбрата мајка.
Амелија, новороденчето и нејзиниот син се сместени во привремено прифатилиште во соседното село. Според УНИЦЕФ, тие се во добра здравствена состојба.
Сличен настан се случил пред 20 години, кога бебе се роди на дрво среде поплава во јужен Мозамбик.
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
