Бебиња заменети во породилно конечно вратени кај вистинските родители

Ричард Кашворд и Мерцедес Касанелас се надвор од себе од среќа откако нивниот апел да им се врати бебето заврши среќно!
Тие со ДНК тест докажаа дека бебето кое им е дадено во болница не е нивно - излезе дека дошло до грешка. Нивниот син 3 месеци растел во друго семејство кое немало поим дека бебето што го чуваат воопшто не е нивно!
Синот на Ричард и Мерцедес е пронајден откако полицијата во рамките на истрагата побара сите бебиња родени во истиот период, пред три месеци, во приватната болница во Ел Салвадор, да поминат ДНК тестови.
Резултатите од последните тестови откриле дека уште едно бебе родено на 21 мај, не е кај своите биолошки родители - токму тоа бил синот на Ричард и Мерцедес.
Истрагата започна на 27 август кога Ричард и Мерцедес направија ДНК тест кој покажа дека бебето што го чуваат не е нивно.

Тие се сомневале уште откако бебето им било дадено во болница бидејќи било со потемна кожа и покрупно од бебето што го родила Мерцедес.
Во истрагата за целиот случај уапсен беше гинекологот кој ја породи Мерцедес, д-р Алехандро Гуидос, под сомнение дека ја организирал замената на бебињата.
Тој вели дека не е виновен, дека се работи за грешка, и дека извинувањето од Ричард и Мерцедес нема да биде е доволно да ја покрие штетата што му е нанесена.
Но, како и да е, двете бебиња сега се кај своите родители.
Ричард и Мерцедес ќе го однесат својот син во Тексас и ќе го вратат бебето што го чувале 3 месеци на неговите биолошки родители во Ел Салвадор, кои пак воопшто не биле свесни дека 3 месеци чувале туѓо дете!
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
