Базар на ракотворби во Јавна соба
Јавна соба во соработка со МАТА денеска и утре го организираат првиот предновогодишен базар во Центарот за дизајн во Скопје.
На базарот ќе се претстават производители на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети. Организаторот најавува дека целиот занаетчиски асортиман ќе биде претставен по многу поволни услови, што значи дека големиот попуст ќе биде главна награда за сите посетители.
- Веќе подолго време изложени сме на голем притисок од страна на занаетчиите, изработувачите на накит и модните дизајнери, да организираме настан на кој нивните производи ќе добијат централно внимание. Станува збор за многу креативни и вешти луѓе од различна старосна структура кои прават изненадувачки добри работи со своите две раце. Производите се создадени со голема умешност, многу часови работа и огромна доза на креативност, па затоа и се одлично прифатени од купувачите, велат организаторите.
На базарот, кој ќе биде отворен од 10 до 21 часот, ќе учествуваат 20 креативци.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет