-->
-->
Барселона ќе плати 150 милиони за Кутињо
-->
На вториот ден од почетокот на зимскиот трансфер период, шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, кој важи за близок до Барселона, открива дека каталонскиот клуб е подготвен да одвои сума од 150 милиони евра за Бразилецот, Кутињо.
Речиси половина година трае сагата на Кутињо, околу неговиот трансфер од Ливерпул во Барселона.
Откако англискиот тим во неколку наврати ги одби богатите понуди на Барселона, се чини дека сега тоа нема да може да го стори, пишува во сторијата на „Мундо Депортиво“.
Весникот открива дека Барселона се сложила да даде 150 милиони евра за Кутињо, но 110 од нив да бидат фиксни, а 40 да бидат во бонуси поврзани со перформансите на фудбалерот и неговите трофеи во дресот на каталонскиот клуб.
Сега на потег е раководството на Ливерпул кое треба да реши дали ќе ја прифати оваа понуда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија