Барозо: ЕУ не е подготвена да прими земја која е во војна
ЕУ не е подготвена да прими во членство земја која се наоѓа во војна, бидејќи тоа и неа би ја внело во воениот конфликт, смета поранешниот претседател на Европската комисија и некогашен португалски премиер Жозе Мануел Дурао Баросо.
– Европската унија не е подготвена да прими земја што е во војна, како Украина, бидејќи тоа би било како да ја пренесе војната во ЕУ, изјави Барозо во обраќање на отворањето на Конференцијата посветена на процесот на зачленување на Украина во ЕУ, насловена „Пристапување на Украина во Европската унија – што ни треба за успешно проширување“.
Барозо смета дека наместо на зачленување на Украина, ЕУ треба да работи на спречување на ширење на конфликтот, бидејќи „порано или подоцна мора да бидеме подготвени за можен договор за разбирање“.
– Постои агресор и нападната земја – тоа е асиметрична ситуација и она што ни треба е мир. Се уште не сме стигнале до таа ситуација, но тоа е многу важно.
Во спротивно, му даваме причини на (рускиот претседател Владимир) Путин да ја продолжи војната со години, додаде Барозо.
Според него, украинскиот конфликт претставува европски проблем, бидејќи ако „Путин победи во војната во Украина, тоа нема да е само пораз за Украинците, туку и на нас Европејците“.
– Кога луѓето ме прашуваат каде е „европската армија“, јас им велам тоа е украинската армија.
Украинската армија е „европска армија“, изјави Барозо, додавајќи дека ставовите што ги изнесува во обраќањето се негово „лично“ мислење.
Осврнувајќи се одлуката на лидерите на ЕУ од Самитот во декември минатата година за почеток на пристапните преговори со Унијата, Барозо посочи дека Киев пројавил интерес за приклучување во блокот уште по „Портокаловата револуција“ во 2005 година, но тогаш немало консензус меѓу земјите членки за прием на земјата, па наместо преговарачки процес и е понуден Договор за асоцијација.
– Во тој период имав контакти со претседателот Путин. Тој никогаш не се спротивстави на Договорот за асоцијација со Украина или дури на нејзино зачленување во Европската Унија.
Тој многу јасно стави до знаење дека не прифаќа членство на Украина во НАТО, како што нагласи во Букурешт во 2008 година, рече Барозо.
Тој додаде дека седум дена подоцна разговорот со Путин им го пренел на членовите на Европската комисија, а потоа делови од него биле објавени и во јавноста. – На Кремљ не му се допадна тоа.
Не го негираа објавеното, туку тврдеа дека зборовите на Путин сум се ги извадил од контекст, изјави Барозо, додавајќи дека му „било јасно дека емотивно и политички“ Путин не ја прифаќа украинската реалност.
Според Барозо, Путин не го сака само Крим, туку и цела Украина. – Путин не е луд, тој е опасен и автократ, но не е ирационален. Тој направи голема грешка.
Тој не сметаше на решителноста на украинскиот народ и на поддршката од европскиот блок и САД, изјави Барозо, додавајќи дека руската агресија врз Украина резултирала со „тотална војна среде Европа“.
Ново на Сител
-
Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
-
Пленарна седница за интерпелацијата на јавниот обвинител Коцевски
-
Почнува судскиот процес за нападот врз скопската градоначалничка Данела Арсовска
-
Иран им се заканува на САД и Израел со силна одмазда во случај на напад, навестува можност за договор
-
Четворица убиени во пукотница во Њујорк, напаѓачот исто така е мртов
-
Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово
-
Без струја корисници на улиците „Иван Цанкар“, „Франц Прешерн“ и „Вангел Дину“ во Карпош
-
Во Нови Сад прифатена иницијатива за споменик на жртвите од падот на бетонската настрешница