-->
-->
Барнли стави крај на серијата на Ливерпул од 68 натпревари без пораз на домашен терен во Премиер лигата
-->
Ливерпул синоќа загуби со резултат 0:1 на домашен терен од Барнли во одложениот натпревар од 18. коло на шампионатот на Англија. Серијата на „црвените“ без пораз на „Енфилд“ во Премиер лигата траеше 68 натпревари.
Екипата на Јирген Клоп немаше пораз на домашен терен во шампионатот три години и 273 дена. Ова е втор најдобар резултат на тим на домашен терен во историјата на Англија.
Рекордот му припаѓа на Челзи и тој изнесува 86 домашни средби без пораз.
По 19 кола во Премиер лигата, Ливерпул кој ја брани титулата се наоѓа на 4.место со 34 бода, шест помалку од лидерот Манчестер Jунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани