Барбика во чест на британската кралица и платинестиот јубилеј
– Историскитe 70 години владеење на британската кралица Елизабета Втора, брендот „Барби“ ќе ги одбележи со почесна кукла со нејзиниот лик.
Барбиката во облик на кралицата, е објавена денес, на 96-от роденден на најдолговечниот британски монарх и ќе биде „веднаш препознатлива“, опремена со елегантен фустан (изработен од слонова коска) и сина лента украсена со украси. Ќе има и дијадема по примерот на круната на кралицата Мери, којашто нејзината потомка ја носеше на денот на својата свадба.
Розовата лента на куклата ја претставуваа онаа што на кралицата Елизабета Втора ѝ ја дал нејзиниот татко – кралот Џорџ Шести, а бледо сината – онаа од нејзиниот дедо – Џорџ Петти.
Куклата ќе биде дел од специјалната колекција на „Барби“, којашто почна да се издава лани во чест на „визионерите со извонредно влијание и наследство во општеството“. Новата кукла ќе биде поставена во кутија во стил на Бакингемската палата, изработена од 3-Д украсна рамка околу фигурата и внатрешен панел што го прикажува престолот.
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
