Барбара Стрејсенд не сака биографски филм додека е жива

Американската пејачка и глумица Барбара Стрејсенд ја пишува својата автобиографија и сака обожавателите преку неа да ја дознаат вистината за нејзиниот живот. Пејачката, во интервјуто на Марк Малкин, признава и дека ужасно ќе се „вознемири“ доколку се сними филм за неа пред да почине, оти ќе ја изнервираат сите неточности во тоа дело.
– Ќе бидам ужасно вознемирена ако има нешто погрешно кажано, или – чиста лага. Затоа ја напишав и песната „Не ме лажи“ (Don’t Lie to Me). Веројатно и зaгубив многу мои обожаватели, но никогаш не е доцна да се соочиме со вистината, рече Стрејсенд.
Таа натаму признава дека, во своите 79 години, не научила убаво да пишува. Раскажува дека мајка ѝ сакала таа да биде секретарка и ја терала да пишува…
– А, јас само сакав да бидам актерка. И во знак на протест, ги оставив ноктите да ми растат. Тоа пак, ме спречи да го држам пенкалото, па сега почнувам од почеток. Сега се снимам на мојата апликација „Квиквојс“ и потоа го испраќам тоа на некого за да го напише, признава пејачката.
Ново на Сител
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
-

Трамп во пресрет на сoстанокот на Флорида: Зеленски нема ништо додека јас тоа не го одобрам
-

Пожарникари го извлекоа телото на кавадарчанец кој загинал по пад од карпа при лов
-

Земјотрес со интензитет од три степени во Охрид
-

Што донесоа договорите за слободна трговија на ЕУ на божиќните трпези на Европејците
-

Двајца загинати и 26 повредени во судар северозападно од Токио во кој учествувале повеќе од 50 возила
