Барак Обама: Се соочуваме со појава на „суров национализам“

Американскиот претседател Барак Обама предупреди на појавувањето на „сурова форма на национализам“, правејќи паралела меѓу британскиот референдум за напуштање на ЕУ и претседателските избори во САД, пренесуваат лондонските медиуми во освртите на последното негово официјално патување во странство во својство претседател.
Би-Би-Си оценува дека е значајно тоа што Обама, објаснувајќи ја поврзаноста на референдумот и американските избори, укажал дека и во двата случаи се покажало оти луѓето се помалку се сигурни во нивниот национален идентитет и во местото што го имааат во светот, што произвело популистички движења, како меѓу левицата, така и меѓу десницата.
Обама затоа смета дека светот мора да се одбрани од трибализмот, што сега се создава, со се почестото инсистирање на поделби на „ние“ и „тие“, како и на „нас“ и на „нив“.
Според американскиот претседстел, тоа во САД се огледува низ заканите од делби по расна, религиозна и етничка линија, но во Европа во минатото национализмот и конфронтациите го вовлекоа континетот во две крвави светски воени судири.
Британските медиуми забележуваат дека и сомнежите во глобализацијата, задскриени зад прашања за религиозниот, етничкиот или културниот идентитет, Обама ги стави во една таква превртлива и непостојана мешавина од стравувања и неверувања.
- Политичарите сега треба да ги задоволат лугето кои се исплашени, гневни и загрижени, што нема да биде лесно, оцени американскиот претседател, истакнувајќи дека визијата за иднината треба да се определи според она што му е заедничко на светот, а не според она што го дели и конфронтора.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
