Loading Video...
Свет
8. November 2026 - 16:59

Преглед на вестите од светот

Две лица загинаа, а неколкумина се повредени во тешка автобуска несреќа што се случи утрово во Хрватска, недалеку од Загреб.

Автобусот со српски регистарски таблички излетал од патот и се превртел, несреќата се случила околу 7 часаот и 25 минути.

Според дел од патниците кои патувале, несреќата се случила по само неколку минути октако се заменили возачите.

Во автобусот имало 33 патници и двајца возачи.

За спасување на повредените ангажиран бил и хеликоптер.

Засега официјално не е познато што ја предизвило несреќата на автобусот на Ниш-експрес.

Полска прогласи дводневна жалост откако вчера доцна попладне 25-годишен тамошен државјанин уби шестмина, а повреди шеснаесет лица во вооружен напад во центарот на Краков.

Инцидентот се случил кога напаѓачот со возило влегол на главниот плоштад во Краков и почнал да пука од автомобилот, при што убил шест лица, а повредени биле шеснаесет.

Меѓу повредените има државјани од Австрија, Германија, Португалија.

Напаѓачот е приведен и се наоѓа во болница.

По неговата идентификација, направен бил претрес во домот, при што убиени се најдени и неговите родители и сестра.

Полскиот премиер, инцидентот го нарече трагичен и наведе дека полицијата работи на расчистување на настанот.

Американската војска нападнала трговски брод во Оманскиот Залив откако неговиот екипаж, според тврдењата на американските сили, не ги почитувал повеќекратните предупредувања и се обидел да ја пробие поморската блокада на Иран.

Според американската централна команда, бродот претходно бил закотвен во иранско пристаниште, а потоа се обидел да ги напушти регионалните води.

Се тврди дека екипажот повеќепати ги игнорирал предупредувањата и се обидел да ја прекрши блокадата.

Нападот врз бродот се случил еден ден по новите ограничени американски удари врз Иран, насочени кон системите за противвоздушна одбрана.