Бакојани: Пакет решение за името, а не решение на делови
Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите.
- Владата на Ципрас започна преговори, во отсуство на грчкиот политичкиот свет, во отсуство на јавното мислење, преговори што не знаеме ниту кон што целат, ниту што сакаат да постигнат. Реагиравме за да ѝ објасниме на владата дека скопското прашање не може да се реши на делови, туку треба да се реши конечно, со пакет решение. Ако се немаш справено со иредентистичките тенденции, се немаш справено со ништо, вели Бакојани во интервју за „Радио Крити“.
Пратеничката од Нова демократија, јавува дописникот на МИА од Атина, се потсети на периодот додека беше министерка за надворешни работи и како тогашната влада на Костас Караманлис преговарала и заминала на НАТО самитот во Букурешт во 2008. Рече дека тогаш, во споредба со сега, постоела национална линија поддржана од сите.
- Владата денес продолжува и работи со тајна дипломатија и со лични контакти само на министерот за надворешни работи, без да биде запознаено грчкото јавно мислење, вели Бакојани и потенцира дека резултат на владината политика се протестите и пораките од граѓаните до владата дека немаат доверба во неа да ги води преговорите.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје по повод Илинден
-
Собраниски делегации на Илинден во Пелинце, Скопје и Крушево
-
Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати
-
Италија ќе започне со воздушна испорака на помош за Газа од 9 август
-
Во ИЈЗ воведена втора смена на микробиолошката лабораторија и други новини во интерес на граѓаните
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја