Бајден: Вчудовиден сум од она што се разбуди во Иран
Американскиот претседател Џо Бајден ги повика иранските лидери да не преземаат насилни акции против демонстрантите во земјата кои со недели протестираат по смртта на 22-годишната Махса Амини во средината на септември. Махса Амини беше приведена од полицијата за морал на Техеран поради кршење на строгиот кодекс на облекување на жените во земјата.
Бајден во калифорнискиот град Ирвајн изјави дека е „вчудовиден“ од масовните протести во Иран и нагласи дека САД ги поддржуваат „храбрите жени“ на таа земја. – Иран мора да го запре насилството врз сопствените граѓани кои само ги користат своите основни права, рече Бајден.
– Бев вчудовиден од она што се разбуди во Иран. И се разбуди нешто што мислам дека нема да стивне долго, долго време, рече американскиот претседател.
Бајден истакна дека жените и мажите треба да имаат право на слобода на изразување и собирање. – Жените се прогонувани низ целиот свет на различни начини. Но, тие треба да можат да се облекуваат, за волја на Бога, што сакаат. Никој не треба да им кажува што да носат, додаде тој.
Од смртта на Махса Амини, протести против иранското раководство се одржуваат низ целата земја и во странство, особено против задолжителното носење шамии. Безбедносните сили одговорија со жестока акција, при што наводно загинале десетици, а многумина се повредени.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
